Витаминка“ се подготвува за производство на швајцарска чоколада

Bez autora
Aug 29 2014

Прехранбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп, една од најуспешните бизнис-приказни во Македонија, го продолжува својот процес на континуирани инвестиции во осовременување на производството и зголемување на капацитетот на постојниот асортиман. Последната инвестиција е во нова технолошка линија, современи машини за производство на швајцарска чоколада. „Наредните 2-3 години производството на чоколада ќе ни биде ’тесно грло‘, па планираме зголемено производство и пласман на чоколадата. Инвестираме во примарниот дел на производство, купивме нови машини, нова технологија, ќе имаме вистинско производство на швајцарска чоколада. Нашата технологија беше италијанска, која беше добра и прекрасно си ги одработи овие 12 години, откако е купена. Но, сега сакаме да влезе еден степен подобар квалитет...

Прехранбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп, една од најуспешните бизнис-приказни во Македонија, го продолжува својот процес на континуирани инвестиции во осовременување на производството и зголемување на капацитетот на постојниот асортиман. Последната инвестиција е во нова технолошка линија, современи машини за производство на швајцарска чоколада. 

„Наредните 2-3 години производството на чоколада ќе ни биде ’тесно грло‘, па планираме зголемено производство и пласман на чоколадата. Инвестираме во примарниот дел на производство, купивме нови машини, нова технологија, ќе имаме вистинско производство на швајцарска чоколада. Нашата технологија беше италијанска, која беше добра и прекрасно си ги одработи овие 12 години, откако е купена. Но, сега сакаме да влезе еден степен подобар квалитет. Тоа е нашата инвестиција за наредниот период, не пуштаме нови производи, нов асортиман, но го осовременуваме производството и го подобруваме квалитетот на нашите производи“, изјави извршниот директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски.

Според Наумоски, енергијата на менаџерскиот тим и на компанијата, воопшто, се насочува кон повторно освојување на балканскиот регион. 

„Позицијата на Македонија е блиску до Европа, сега имаме обврска добро да сработиме на балканскиот регион, каде што сме биле многу поприсутни до 90-тите години и да се вратиме со еден посериозен настап и дистрибуција. Со оглед на тоа како се прифатени производите во балканскиот регион, мислам дека тука нема да имаме проблеми“, смета Наумоски.

Во „Витаминка“ се вработени 480 работници на неопределено време, а стотина се со договори за одреден временски период. Капиталот на компанијата е вреден околу 8 милиони евра. Оваа прилепска компанија успешно ги надмина сите ветришта на транзицијата и на светската економска криза. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik